/ Прочитано:

1.104

Средба на министерот за правда со амбасадорот на САД

„Во текот на оваа средба, амбасадорот Бејли изрази интерес одблизу да се запознае со проектите реализирани во рамките на Министерството, како и да споделат мислења околу предизвиците и актуелните проблеми со кои се соочува Република Македонија“, велат од Министерството за правда.

Средба помеѓу министерот за правда Валдет Џафери и амбасадорот на САД Џес Бејли

Проектите што ги реализира Министерството за правда и предизвиците поврзани со актуелните проблеми со кои се соочува Република Македонија биле дел од темите на разговор на протоколарната средба помеѓу министерот за правда, Валдет Џафери, и амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли.

Како што информираат од Министерството за правда, министерот за правда на почетокот на средбата го известил амбасадорот Бејли за последните реализирани активности и за работите и обврските на Министерството за правда во иднина.

„Во текот на оваа средба, амбасадорот Бејли изрази интерес одблизу да се запознае со проектите реализирани во рамките на Министерството, како и да споделат мислења околу предизвиците и актуелните проблеми со кои се соочува Република Македонија“, велат од Министерството за правда.

Исто така, Бејли ја искажал и подготвеноста на неговата земја да ја продолжи соработката со сите институции кои се во надлежност на Министерството за правда, преку обезбедување на размена на искуства во овие институции. Џафери нагласил дека соработката со САД, која е присутна постојано, е повеќе од потребна во секој период.