Средба во Министерството за правда со експерти од САД за заштита на верските права и спречување на дискриминација
Министерот Џафери во текот на ова средба информирал за чекорите преземени од страна на Министерството за правда во однос на инкриминација на јазикот, омразата и дискриминацијата врз основа на полот, расата, верата, религијата.
Министерот за правда Валдет Џафери остварил средба со претставници од Секторот за правда на САД: Кетрин Њукомб, Ерик Трини и Дана Мулхаусер и со претставници од Амбасадата на САД: Леви Смили и Адриан Исмаили, кои престојуваат во Република Македонија по повод одржувањето на Конференцијата за заштита на верските слободи и спречување на дискриминацијата и на насилството, информираат од Министерството за правда.
Министерот Џафери во текот на ова средба информирал за чекорите преземени од страна на Министерството за правда во однос на инкриминација на јазикот, омразата и дискриминацијата врз основа на полот, расата, верата, религијата. Исто така, министерот Џафери ги известил претставниците на Министерството за правда на САД за работната група која е оформена во рамките на Министерството за правда со претставници од различни институции, а која работи на оваа проблематика, велат од Министерството.
Во текот на ова средбата, Џафери изразил подготвеност за соработка со САД во насока на размена на искуствата од ова област, но и во други сфери од правосудството.