ССМ: Работодавачите и Владата да го спречат вознемирувањето на жените на работа
„НА СУПЕРХЕРОЈКИТЕ НЕ ИМ ТРЕБА САМО ЦВЕЌЕ И ФАЛА, ИМ ТРЕБААТ РАБОТНИЧКИ ПРАВА!!!
Изминатата година, највеќе поради пандемијата предизвикана од ковид-19, жените работнички беа изложени на работа во специфични услови за работа, на незаконско намалување на платите, на отпуштања, на притисоци и вознемирување (мобинг) на работното место.
ССМ, заедно со своите партнери од Светската и Европската конфедерација на синдикати, повторно упатува апел до Владата да ја ратификува Конвенција на МОТ C-190 за спречување насилство и вознемирување во светот на работата и која ги заштитува работниците и другите лица во светот на работата.
Работодавачите и Владата треба да прават повеќе за да го спречат насилството и вознемирувањето на жените на работа, дома или каде било!
Истовремено, жените се соочени и со малата застапеност кај законодавците, функционерите и на раководните позиции, а кога жените наоѓаат вработување нивната плата е пониска од платата на мажите, што не соодветствува со нивото на образование на жените, додека јазот на платите е најзастапен кај нискоквалификуваните жени, па поради тоа потребно е да се обезбеди рамноправно учество на жените во капиталот, во економскиот, социјалниот, политичкиот и културниот живот.
Го користиме Меѓународниот ден на жената – 8 Март само да потсетиме на проблемите со кои се соочуваат жените, а како ССМ, во текот на изминатата година работевме и продолжуваме да работиме за да ги заштитиме нашите колешки, сограѓанки и нивните работнички права.
На жените местото им е во синдикат, здружени со иста цел!
Честит 8 Март – Меѓународен ден на жената!“, се вели во соопштението на Сојузот на синдикати на Македонија.
МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЖЕНАТА: Правата на жените се неразделив дел од универзалните човекови права
М.В