/ Прочитано:

3.130

Стипендии на „Еуролинк“ за студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“

„Еуролинк осигурување“, во рамките на платформата за корпоративна општествена одговорност „Еуролинк – вашата врска со вистинските вредности“, четврта година по ред распишува конкурс за доделување на 35 стипендии на „Еуролинк“, за 25 студенти додипломци и 10 стипендии за студенти на постдипломски студии, од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Стипендиите на „Еуролинк“ се наменети за студентите да ги покријат трошоците за кофинансирање и како поттик за успешно завршување на нивните студии. Доделувањето на стипендиите за студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ е активност во рамките на програмата за општествена одговорност на компанијата: „Еуролинк – вaшата врска со вистинските вредности“, преку која годишно се реализираат повеќе проекти од областа на образованието, културата и уметноста во Република Македонија.

Право на аплицирање за добивање на стипендија на „Еуролинк“ имаат сите редовни студенти кои се запишани на прв и на втор циклус на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, кои имаат редовен упис во учебната 2016/2017 година и кои исполнуваат услов за упис во учебната 2017/2018 година. За доделување на стипендијата, потребно е студентите да ги исполнат следниве услови: студентите да имаат остварено  просечен  успех од положени испити од најмалку 8,5,  да не се корисници на друга стипендија, да го задржат статусот редовен студент со просечен успех од 8,5 во учебната година кога ќе ја користат стипендијата.

Притоа студентите имаат можност да аплицираат за 35 целосни стипендии со кои ќе може да ги покријат трошоците за кофинансирање. „Еуролинк“ ги поканува студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ да ги поднесат своите апликации за „Еуролинк стипендија“ од денес, 15.6.2017, до 1.10.2017 год.

„Посебен акцент ставаме на образованието како основа за создавање на доброобразовани поединци. Поддршката и енергијата кои ги вложуваме во овој важен сегмент во општеството имаат за цел да им помогнат на луѓето да се оспособат за да си помогнат самите на себеси и на другите,  да создадеме доброобразовани генерации, кои ќе бидат носители на напредокот во нашето општество“, вели Олга Костовска, претседател на Надзорниот одбор на „Еуролинк огурување“.

Конкурс / Образец за пријавен лист за доделување стипендија

Пријавите што немаат целосна документација и што не се доставени навремено и на наведениот начин нема да се разгледуваат и да се оценуваат.

М.В