/ Прочитано:

1.681

СУДЕЊЕ: Втор обид за почеток на процесот „Поткуп“ против Зоран Заев

Првиот обид за почеток на процесот во јануари оваа година беше неуспешен. Одбраната на Заев тогаш истакна дека тој имал службен состанок, но најави дека ќе дојде во судот на следното рочиште.

????????????????????????????????????

Денеска во Кривичниот суд во Скопје повторно треба да се јави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, овој пат како обвинет во случајот „Поткуп“.

Првиот обид за почеток на процесот во јануари оваа година беше неуспешен. Одбраната на Заев тогаш истакна дека тој имал службен состанок, но најави дека ќе дојде во судот на следното рочиште.

Заев, според Обвинителството, во својство на службено лице градоначалник на Општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов, побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира. Според обвинението, една половина од партите требале да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.

На рочиштето за оценка на обвинителниот акт, што се одржа во јули минатата година, одбраната го оцени обвинението како контрадикторно, правно неиздржано и тенденциозно.

„За да стане збор за обвинение за поткуп, треба да биде примен подарок. Одземањето на корисничкото право на користењето на градежното изградено земјиште не е дејствие што е во рамките на службените овластувања на Заев како градоначалник, туку е во надлежност на Министерството за финансии, односно на Управата за имотно-правни работи. Очигледно е дека при поднесувањето на обвинението имало тенденција осомничениот да се товари за што потешка правна квалификација“, рече адвокатот Филип Медарски.

Застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски, според кој,  постојат доволно докази за Судот да донесе осудителна пресуда за Заев.