Судски совет на РСМ: СООПШТЕНИЕ од 441-ва итна нејавна седница
Соопштение од 441-та ИТНА нејавна седница на Судскиот совет на РСМ - 04.05.2023 година
СООПШТЕНИЕ
Oд 441-ва итна нејавна седница-04.05.2023 година-14:00 часот
Судскиот совет на Република Северна Македонија по барање за свикување на итна нејавна седница согласно чл.38 ст.3 од Законот за Судскиот совет на РСМ на 04.05.2023 година (четврток) во 14:00 часот ја одржа 441-та итна нејавна седница на која едногласно беше донесена одлука за исклучување на јавноста согласно чл.39 ст.2 од Законот за Судскиот совет на РСМ и врз основа на изгласаната недоверба на Претседателот на Судскиот совет на РСМ Весна Дамева, со 9 гласа „За“, донесена е Одлука за разрешување на Весна Дамева од функцијата претседател на Судскиот совет на РСМ.
Воедно донесена е и Одлука со која се констатира оставката на м-р Селим Адеми од функцијата заменик претседател на Судскиот совет на РСМ, со одложно дејство до избор на нов претседател на Судскиот совет на РСМ, објавување на одлуката за избор во Службен весник на РСМ и негово запишување во Централен регистар за овластен потписник на сите акти и сметки на Советот.