/Прочитано:

812

Свечени изјави на новоизбраните членови на Државната изборна комисија

Денеска пред претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, и пред генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова, новоизбраните членови на Државната изборна комисија дадоа свечена изјава.

Новите членови на највисокото изборно тело во државата, кои беа избрани на 25 јули 2018 година, се: Оливер Дерковски, претседател; Дитмире Шеху, потпретседателка, и членови: Елизабета Постоловска, Јанакие Витановски, Борис Кондарко, Радица Ристеска и Енвер Салиу.

„Денес ја дадовме свечената изјава и со тоа го означивме почетокот на работата на ДИК. Очекуваме Собранието, исто така, да донесе значајни одлуки за работата на ДИК. Доколку се заврши сѐ како што треба, го гледате составот, сѐ се тоа искусни луѓе од кои повеќето претходно веќе биле и членови на ДИК, така што сметам дека главната задача ќе ја договориме, пред сè, почитувајќи ги законите и Уставот на РМ“, изјави претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

Државната изборна комисија се грижи за законитоста во подготовката и спроведување на изборите во согласност со Изборниот законик и врши надзор над работата на изборните органи.