/ Прочитано:

932

Тркалезна маса за владеењето на правото и условите за водење бизнис

„Стопанската комора на Македонија оценува дека е дојдено времето кога треба прашањето за владеење на правото во земјава да биде предмет на разгледување и од страна на бизнис-заедницата, како битна претпоставка која треба да биде исполнета во целост, за да можеме понатаму да се посветиме на прашањата поврзани со економијата, економскиот раст и подоброто бизнис-опкружување. Со цел да даде реален придонес во остварувањето на владеењето на правото и правната држава, Стопанската комора на Македонија организира тркалезна маса на тема: „Владеење на правото како императив за стабилни и предвидливи услови за водење бизнис“. На настанот ќе бидат разменети искуства меѓу бизнис-заедницата, медиумите, дипломатите, научната и стручната јавност и ќе бидат утврдени конкретни препораки и заклучоци што ќе се испорачаат до носителите на државната власт“, соопштуваат од Комората.