/ Прочитано:

3.003

Адвокатска комора: Информации за склучување на договор за користење на „Е-КАТ ШАЛТЕР“ апликацијата  

За потребите на надворешните корисници, АКН обезбеди веб-апликација „е-кат шалтер“ со која можат да се пребаруваат и да се издаваат податоци од геодетско-катастарскиот информациски систем на Агенцијата за катастар на недвижности.
За пристап до апликацијата „е-кат шалтер“, корисниците треба да обезбедат компатибилни уреди, и тоа: компјутер со најмалку оперативен систем Windows XP или понова верзија, скенер со можност за експорт во pdf формат, пристап до Интернет со брзина  од најмалку 2 Mbps, дигитален сертификат издаден од овластен издавач и токен, платежна картичка поддржана од Casys, софтвер Acrobat Reader верзија 11 и интернет пребарувач Mozilla Firefox (верзија 24.0, верзија 47.0.1, верзија 51.0.1).

За да станете корисник на „е-кат шалтер“ потребно е да се потполнат следните документи за регистрација и тоа:

Сите документи треба да се достават лично во Архивата на АКН или по пошта на адреса: Трифун Хаџи Јанев 4, 1000 Скопје.

>> ДОКУМЕНТИТЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРЕЗЕМЕТЕ ОД ЛИНКОТ ПОДОЛУ.