Училишната зграда во село Клуковец пред распаѓање: На децата им е одземено правото на образование
Правото на образование на учениците од селото Клуковец е прекршено и според Законот за основно образование на Република Македонија и според Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации. „Република Македонија во 1993 година ја ратификуваше Конвенцијата за правата на детето, а во 2003 година беа ратификувани и двата факултативни протоколи. Со ратификацијата на Конвенцијата и на нејзините факултативни протоколи, Владата на Република Македонија се обврза да обезбеди исполнување и заштита на правата на децата. А, како може да се оствари неприкосновеното право на образование кога ниту едно од овие деца од почетокот на учебната година немале услови да посетуваат задолжителна и редовна настава“, истакна Маневска
На педесетина деца од Основното училиште „Васил Главинов“ во велешкото село Клуковец им е прекршено правото на образование бидејќи објектот на училиштето е целосно руиниран и е пред распаѓање. Фотографиите од објектот ги објави Првата детска амбасада „Меѓаши“на својот фејсбук-профил и на нив може да се забележи дека делови од училишната зграда се во ужасна состојба и се целосно несоодветни за одржување настава.
Ангела Маневска, координаторка на СОС-телефонот за деца и млади во „Меѓаши“, вели дека случајот бил пријавен само неколку дена пред нивниот мобилен тим да го посети селото Клуковец и да го регистрира, односно да го документира проблемот со кој се соочуваат децата од ова село, а со тоа и нивните родители.
„Добивме повик од загрижен родител чие дете не може посетува настава поради условите во кои се наоѓа училиштето. Имено, во ова училиште наставата во оваа учебна година воопшто не е ни почната. Родителот достави фотографии до нас по електронски пат на кои јасно се гледаат влагата и разрушените ѕидови. Меѓутоа, мобилниот тим на Детската амбасада „Меѓаши“ отиде директно во селото Клуковец каде што се наоѓа ова подрачно училиште и направи увид во состојбата. А состојбата е токму онаква како што е прикажано на фотографиите што ги поставивме на социјалните медиум: вo педесетина квaдрaти руинирaни и пред рaспaѓaње требa дa учaт 50 децa, oд кoи 13 требa дa се првaчињa и дa учaт вo 9 квaдрaти кoи се нaменети зa нив“, потенцираше Маневска.
Родителите пред да побараат помош од Првата детска амбасада „Меѓаши“, неколку пати претходно се обратиле до Општината, но нивните обиди да се реши проблемот, односно да се реновира училишната зграда и да има соодветни услови за посетување настава, биле без успех.
Во оваа насока, Маневска вели дека правото на образование на учениците од селото Клуковец е прекршено и според Законот за основно образование на Република Македонија и според Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации.
„Република Македонија во 1993 година ја ратификуваше Конвенцијата за правата на детето, а во 2003 година беа ратификувани и двата факултативни протоколи. Со ратификацијата на Конвенцијата и на нејзините факултативни протоколи, Владата на Република Македонија се обврза да обезбеди исполнување и заштита на правата на децата. А, како може да се оствари неприкосновеното право на образование кога ниту едно од овие деца од почетокот на учебната година немале услови да посетуваат задолжителна и редовна настава“, истакна Маневска
Со цел актуализирање, односно целосно разрешување на овој сериозен проблем, Првата детска амбасада „Меѓаши“ ги објави сите фотографии на социјалните мрежи во форма на јавна реакција. Маневска вели дека Министерството за образование веќе најавило посета со која ќе се изврши увид во состојбата на училиштето во текот на наредната недела.
„Но, доколку Министерството не преземе ништо во однос на тоа прашање, Детската амбасада Меѓаши дополнително ќе реагира до надлежните институции, до Народниот правобранител, како и до Министерството за образование. Последните препораки од Комитетот за правата на децата во поглед на образованието на децата во Република Македонија го вклучуваат следново: Комитетот препорачува државата членка:
(a) да преземе итни мерки за да осигури дека на децата не им се одбива пристап до образованието врз никоја основа.
Како Детска амбасада „Меѓаши“, она што предлагаме е првенствено да се направи увид во состојбата од страна на Министерството за образование и бараме да се преземат соодветни мерки со цел обезбедување елементарни услови за одржување настава во Подрачното основно училиште „Васил Главинов“, во с. Клуковец – Велешко. Тоа би значело: комплетно реновирање на руинираните ѕидови во училниците, решавање на проблемот со влагата и обезбедување соодветни услови за настава, односно греење во училниците“, вели Маневска.
А. Б.