/Прочитано:

1.320

УЈП ги потсетува граѓаните за поднесувањето на годишната даночна пријава

Наближува крајниот рок за поднесување на годишната даночна пријава – 15 март. На две седмици пред истекот на рокот само 130.850 граѓани поднеле годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи. Имајќи предвид дека се очекува уште 270.000 граѓани да ги пријават своите приходи во Управата, а со цел намалување на метежите во даночните канцеларии, особено во Скопје, отворени се дополнителни шалтери за прием на годишни даночни пријави во Центар, како и во општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба и Аеродром (за повеќе информации види http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/629). Исто така, граѓаните можат да ги достават пријавите и преку мобилните даночни шалтери (види возен ред http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/363).