УЈП: Oдложено воведувањето на ГПРС-фискалните апарати за таксистите до 31 декември 2017
Управата за јавни приходи информира дека во согласност со Одлуката на Владата на РМ („Службен весник на РМ“, бр.81 од 30.6.2017 година), вршителите на автотакси превоз на патници се ослободуваат од обврската за користење на интегриран автоматски систем за управување до 31 декември 2017 година.
„Ова значи дека за сите автотакси превозници се продолжува рокот за воведување и регистрација на фискални апарати со вграден ГПРС-уред дo 31 декември 2017 година“, се наведува во соопштението на Управата за јавни приходи.