/ Прочитано:

2.307

Бруто плата 2022 – најниска и највисока основица за пресметување на придонеси

 

„Просечната плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2022 година изнесува 43.509 денари согласно објавата од Државен завод за статистика линк.

Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2022 година.

  • Најниската основица за пресметка на придонесите за 2022 година изнесува 21.755,00 денари (50% од 43.509)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2022 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 696.144,00 денари (16 x 43.509)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2022 година за самовработено лице изнесува 522.108,00 денари (12 x 43.509)

Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер – МПИН која го содржи новиот параметар“, стои во соопштението на УЈП.