УЈП: Поднесување на „ДЛД-ДБ“ И „Б“ ЗА 2019 година
Управата за јавни приходи ве известува дека обрасците „ДЛД -ДБ” и „Б” за 2019 година задолжително се поднесуваат по електронски пат преку e-pdd.ujp.gov.mk најдоцна до 15 март 2020 година.
„Обврзникот на данок на доход регистриран како трговец поединец, како и физичко лице кое се занимава со земјоделска дејност, со занаетчиска дејност и лице кое врши услуга или слободно занимање, а кој остварува доход од вршење на дејност утврдена согласно член 19 од Законот за данокот на личен доход, до Управата за јавни приходи доставува Годишен даночен биланс (образец ‘ДЛД-ДБ’) и Биланс на приходи и расходи (образец ‘Б’).
Обрасците ‘ДЛД-ДБ’ и ‘Б’ задолжително се поднесуваат до УЈП по електронски пат преку системот e-pdd.ujp.gov.mk, најдоцна до 15 март
Од страна на Управата за јавни приходи во текот на месец февруари 2020 година планирано е одржување на обуки за начинот на поднесување на обрасците ‘ДЛД -ДБ’ и ‘Б’, за кои пријавувањето е во тек.
Заинтересираните учесници може да се пријават кај контакт-лицето назначено за регионалната дирекција која ве администрира како даночен обврзник.
За терминот и местото на одржување на обуката ќе бидете дополнително известени од страна на службено лице од Управата за јавни приходи“, се вели во соопштението на УЈП.