/ Прочитано:

1.014

Управниот суд ги одбил како неосновани тужбите на НДМ против решенијата на ДИК за неприфаќање на листите на кандидати за пратеници

Во пресудите на Управниот суд се наведува дека тужителот, односно Народното движење за Македонија, не постапил во целост по упатствата на Државната изборна комисија за отстранување на неправилностите на предложените листи на кандидати за збор на пратеници во Собранието за сите шест изборни единици.

Гласање

Управниот суд ги одбил како неосновани тужбите од Народното движење за Македонија против решенијата на Државната изборна комисија која не ги прифати кандидатските листи на партијата за претстојните предвремени парламентарни избори.

Во пресудите на Управниот суд се наведува дека тужителот, односно Народното движење за Македонија, не постапил  во целост по упатствата на Државната изборна комисија за отстранување на неправилностите на предложените листи на кандидати за збор на пратеници во Собранието за сите шест изборни единици.

Како што наведуваат од ДИК, со 6 (шест) решенија на Државната изборна комисија под број 10-1424/19; 10-1424/20; 10-1424/21; 10-1424/22; 10-1424/23 и 10-1424/24 од 15.5.2016, листите на кандидати на Народно движење за Македонија за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија во изборните единици број 1, 2, 3, 4, 5 и 6 биле отфрлени поради тоа што во листите на кандидати немало најмалку 40 % од кандидатите кои му припаѓаат на помалкузастапениот пол, немало копија од лична карта или патна исправа за секој кандидат од листата и немало доказ за секој кандидат дека не е осуден со правосилна судска одлука.

На следниов линк можете да ги погледнете пресудите на Управниот суд во врска со тужбите од НДМ против решенијата на ДИК.