/ Прочитано:

586

Успешна соработка на Агенцијата за заштита на личните податоци со хрватската Агенција за заштита на личните податоци (АЗОП)

Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци Имер Алиу вчера, 6 октомври 2022 година, пред завршната конференција на ЕУ Твининг проектот „Поддршка во имплементација на модернизираната национална рамка за заштита на личните податоци“, одржа состанок со директорот на хрватската Агенција за заштита на личните податоци Здравко Вукиќ и заменик-директорот Игор Вуље, со што се заокружи успешната твининг соработка.

Имено, Агенцијата за заштита на личните податоци, во соработка со партнерите од германската Фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ) и Централната агенција за финансирање и склучување договори (САФУ) на Република Хрватска, последниве 17 месеци го спроведуваше твининг проектот чија цел беше да се унапреди работата на Агенцијата и да се подобри заштитата на основните права и зајакнување на капацитетите и работата на националниот орган за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија во согласност со стандардите на Европската Унија.

Завршната конференција ќе се одржи денес, 7 октомври 2022 година, во Скопје, каде што ќе бидат претставени остварените резултати од твининг проектот „Поддршка во имплементација на модернизираната национална рамка за заштита на личните податоци“.