/ Прочитано:

1.440

Усвоена декларацијата за признавање на возачките дозволи помеѓу Македонија и Германија

Владата на РМ го разгледа и го усвои извештајот за извршени преговори со усогласен текст на Заедничка декларација за намера на македонската Влада, застапувана од македонското Министерство за внатрешни работи и Сојузното министерство за сообраќај и дигитална инфраструктура на Сојузна Република Германија за процедури за замена на возачките дозволи.

„Ова претставува последна фаза пред потпишување на декларацијата од страна на двајцата министри, со што таа и официјално би стапила во сила. Возачките дозволи ќе им бидат признаени на полнолетни лица со важечка возачка дозвола, издадена од надлежните органи во Македонија и во Германија и кои имаат законски престој на македонска територија (најмалку 180 дена во една календарска година) или на територијата на Германија (најмалку 185 дена во годината)“, информираат од Владата