Во Скопје се одржува десеттиот состанок на Асоцијацијата на омбудсмани на Mедитеранот
Вчера во Скопје почна десеттиот состанок на Асоцијацијата на омбудсманите на Медитеранот (АОМ), чиј домаќин е институцијата Народен правобранител на Република Македонија, а на кој ќе се дискутира на темата „Улогата на Народниот правобранител како заштитник на социјалните, културните и еколошките права“.
На првиот ден од состанокот се одржаа средби на членовите на Извршниот комитет и на Управниот одбор на Асоцијацијата, кои дискутираа за повеќе теми, меѓу кои и за Предлог-програмата за 2018–2019 година.
Во наредните три дена ќе се одржат две пленарни сесии на теми: „Улогата на Народниот правобранител во заштита на социјалните права на ранливите групи“, потоа „Улогата на Народниот правобранител во заштита на културните права на граѓаните“, а учесниците ќе дискутираат и на темата „Народниот правобранител како заштитник на правата од животната средина“. Планирано е на Конференцијата да се усвои Декларацијата од Скопје. На состанокот учествуваат омбудсмани и претставници на институциите од земјите членки на АОМ.
M.В