/ Прочитано:

2.305

ВОЈИСЛАВ ШЕШЕЉ Е СЛОБОДЕН ЧОВЕК: Хашкиот трибунал го ослободи од сите обвиненија

Судијата Жан Клод Антонети соопшти дека Обвинителството не дало доволно докази и правни аргументи за ниту една од деветте точки на обвинението и ја изрече пресудата со следните зборови: „Војислав Шешељ е слободен човек”.

Војислав Шешељ

Хашкиот трибунал денес, четири години по завршувањето на судењето на лидерот на Српската радикална странка, Војислав Шешељ, донесе пресуда дека Војислав Шешељ се ослободува од сите точки на обвинението за злосторства против човештвото и кршењето на законите и обичаите на војување.

Судијата Жан Клод Антонети соопшти дека Обвинителството не дало доволно докази и правни аргументи за ниту една од деветте точки на обвинението и ја изрече пресудата со следните зборови: „Војислав Шешељ е слободен човек”.

Жан Клод Антоанети, судија

Тој наведе дека Обвинителството не обезбедило доволно докази за постоење злосторничко здружување, како и дека целта била одбрана на Србија, а не прогон на хрватското население.

Претходно, Обвинителството во своите завршни зборови побарало од Судот да го осуди Шешељ на казна затвор од 28 години, а Шешељ побарал ослободителна пресуда.

Хашки трибунал

Шешељ денеска не беше во Хашкиот трибунал за да ја слушне пресудата.