/ Прочитано:

2.332

ЗНМ: Ја поздравуваме одлуката на ЕСЧП. Ова е прва пресуда со која се утврдува повреда на слободата на изразување

Здружението на новинарите на Македонија ја поздравува одлуката на Европскиот суд за човекови права за случајот „Селмани и останати против Република Македонија“ поврзана со настаните од 24 декември 2012 година кога новинарите беа насилно избркани од галеријата на Собранието на Република Македонија.

Пресудата на Европскиот суд констатира повреда на две права гарантирани со Европската конвенција за човековите права, и тоа: правото на слобода на изразување од членот 10 и правото на фер судење од членот 6 од Конвенцијата.

„Оваа пресуда е прва со која се утврдува повреда на слободата на изразување и е многу важна за демократијата и владеењето на правото во Република Македонија. Истовремено, пресудата е и победа на новинарската заедница, која покажа дека за правда секогаш вреди да се бориме. Правдата можеби е бавна, но секогаш победува. Таа придонесува во Македонија да се создаде правна култура и да се афирмира принципот на почитување на основните човекови права и слободи. Оваа пресуда претставува доказ дека институциите во Република Македонија потфрлија во исполнување на својата основна задача да ги штитат и да ги промовираат човековите права“, велат од ЗНМ.

Уставната судијка Габер-Дамјановска за случајот со новинарите отстранети од Собранието во своето издвоено мислење се повика на праксата на ЕСЧП

СТРАЗБУР ПРЕСУДИ ВО КОРИСТ НА НОВИНАРИТЕ ОТСТРАНЕТИ ОД СОБРАНИЕТО ПРИ ДЕБАТАТА ЗА БУЏЕТОТ

M.В