/ Прочитано:

1.204

ОБВИНИТЕЛСТВО: Повеќе лица осомничени за несовесно работење во случајот на Тамара

По една година од смртта на девојчето, како што информираат од Основното јавно обвинителство Скопје, во врска со настанот обвинителството оформило предмет по допрен глас и биле спроведени низа на дејствија.

ojo1

Повеќе лица се осомничени за „Несовесно работење во службата“ од чл. 353 -в од Кривичниот законик во врска со случајот на десетгодишната Тамара Димоска од Велес која почина пред да успее да замине на операција во странство. Тамара почина лани на 9 февруари.

По една година од смртта на девојчето, како што информираат од Основното јавно обвинителство Скопје во врска со настанот обвинителството оформило предмет по допрен глас и биле спроведени низа на дејствија.

„Од преземените дејствија произлезе дека како осомничени се јавуваат повеќе лица за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ од чл. 353 -в од Кривичниот законик. Во својство на осомничени, лицата се повикани да дадат изјави пред надлежниот јавен обвинител. Истрагата продолжува во насока на целосно расветлување на случајот“, велат од Обвинителството без да откриваат детали за кои лица станува збор.

По завршување на сослушувањето ќе биде донесена мериторна јавно обвинителска одлука за која јавноста ќе биде навремено известена, додаваат од Обвинителството.

Министерот за здравство Никола Тодоров на 21 ноември, 2014 година, изјави дека државата ќе го плати лекувањето на девојчето. Тоа требаше да биде седми оперативен зафат врз Тамара, која имаше сериозно искривување на ‘рбетот. Потоа, Фондот за здравство чекаше официјален документ од Клиниката за ортопедија и трауматологија, односно ново конзилијарно мислење.