< 2024 >
October
  • 01

    АКАДЕМИК ОНЛАЈН ОБУКА: Како да бидеме успешни во улогата на офицер за заштита на личните податоци

    10:00 -14:00
    01/10/2024Europe/Skopje

    Академик, во рамки на својата програма за организирање обуки за заштита на личните податоци, на 01.10.2024 година (вторник), од 10:00 до 14:00 часот, ќе одржи онлајн обука на тема: „Како да бидеме успешни во улогата на офицер за заштита на личните податоци“.

    Агенда

    • Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП)
    • Разбирање на начелата за заштита на личните податоци, улогите, одговорностите и активностите за обработка на лични податоци според ЗЗЛП
    • Разбирање на одговорностите на контролорот и обработувачот
    • Права на субјектите на личните податоци и како тие се применуваат во секојдневното работење
    • Утврдување на правниот основ и водење различни евиденции за мапирање на процесите кај контролорот
    • Правила за меѓународен пренос на податоци
    • Како да извршиме анализа на постоечкиот систем
    • Како да утврдиме чекори за усогласување со законот
    • Подготвување на план за обуки и контроли
    • Основни вештини кои треба да ги поседува офицерот за заштита на личните податоци

    Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

    Предавач на обуката ќе биде Арбен Гудачи – експерт и консултант за заштита на личните податоци со долгогодишно искуство во областа.

    Цената за учество на обуката за едно лице е 5.400 денари со вклучен ДДВ.

    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 30.09.2024 година (понеделник), преку е-пошта на akademik@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

    • +389 071 232342 и
    • +389 071 232593.

    Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

    Обуката ќе се спроведува преку платформата ZOOM.

    Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.

  • 15

    АКАДЕМИК ОНЛАЈН СЕМИНАР: „Закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи“

    10:00 -14:00
    15/10/2024Europe/Skopje

    На 15.10.2024 година (вторник), од 10:00 – 14:00 часот, Академик ќе одржи онлајн семинар на тема: „Закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи“.

    На 28 септември 2024 година истече рокот од шест месеци во кој добавувачите и купувачите кои склучиле договори за снабдување на земјоделски и прехранбени производи беа должни да го усогласат своето работење со одредбите од Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи. Исто така, во овој рок, Комисијата за заштита на конкуренцијата беше должна да го усогласи своето работење, организирање и функционирање, со цел да врши надзор над спроведувањето на одредбите од Законот, да ја контролира примената на одредбите од Законот и да решава за прекршоците утврдени во Законот, во својство на прекршочен орган.

    Оттаму, со оглед на актуелноста на темата, Академик организира семинар, на кој ќе биде разработен Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи и ќе биде дадена компаративна пракса од ЕУ и земјите од регионот при спроведувањето на Директивата (EU) 2019/633 на Европскиот парламент и Советот од 17.04.2019 за нефер трговски практики во односите бизнис со бизнис во синџирот на снабдување во земјоделието и храната и националните закони.

    Предавач на семинарот ќе биде д-р Валентин Пепељугоски, адвокат/партнер во Адвокатско друштво Пепељугоски и редовен професор во областа на право на интелектуална сопственост и антимонополско право, со долгогодишно искуство во областа на спроведување на правото на конкуренција и поранешен член на Анти-монополската управа

    Цената за учество на семинарот за едно лице е 5.400 денари со вклучен ДДВ.