Агенцијата за лични податоци објави насоки за изработка на документација за технички и организациски мерки
„Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП), следејќи ја активно примената на Законот за заштита на личните податоци, а по извршената анализа на преземените активности од страна на контролорите и обработувачите во врска со нивното усогласување во работењето со одредбите на Законот во рамки на утврдениот 18 месечен период (24 февруари 2020 – 24 август 2021 година), како и согледувањето на предизвиците со кои најчесто се соочуваат, со цел уште повеќе да ја промовира и засили свесноста на контролорите и обработувачите за нивните обврски според овој закон, ги разви и донесе овие Насоки за изработка на неопходната документација за технички и организациски мерки при обработката на личните податоци (Насоки)“, соопштуваат од АЗЛП.
ДОКУМЕНТАЦИЈА
- Изјава за тајност и заштита на обработката на личните податоци;
- Евиденција на овластени лица кои имаат авторизиран пристап до документите и информацискиот систем;
- Одлука за определување на офицер за заштита на личните податоци;
- Одлука за определување на овластено лице за сигурност на информацискиот систем (администратор на информацискиот систем).
Законoт за заштита на личните податоци започнува целосно да се применува
Измените на Законот за заштита на личните податоци на собраниска седница
Измени на Законот за заштита на личните податоци по скратена постапка
Министерството за правда подготвува измени на Законот за заштита на личните податоци
М.В