Адвокатската комора ги повикува адвокатите да дадат свои коментари на Законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот
Вчера на веб-страницата ener.gov.mk е објавен Предлог-законот за нотаријат каде што засегнатите страни можат да даваат коментари. Измените на Законот за нотаријат, посочуваат од АКРМ, се иницирани од Стопанската комора на РМ, а Адвокатската комора преку учеството во Комисијата за изготвување на Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за нотаријат, оформена од министерот за правда, ги даде своите предлози за натамошно зголемување на обемот на работата на адвокатите и задржување на постојните решенија од Законот за нотаријат или либерализација на нотаријатот.
„Имајќи предвид дека се работи за прашање од исклучителен интерес за адвокатурата, ги повикуваме членовите на Адвокатската комора како засегната страна внимателно да го разгледаат предложениот текст на Предлог-законот и сите алтернативи и да се вклучат во јавната расправа со свои јасни ставови и коментари, кои можат директно да ги внесат на веб-страницата на ЕНЕР (КЛИКНИ ТУКА) или пак заклучно со 25.11.2017 да ги достават до Комората на меил e.pavlovska@mba.org.mk за да бидат понатаму проследени до Владата на РМ“, се вели во соопштението на АКРМ.
ТЕКСТОТ НА ПРЕДЛОГ-ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТОТ КОИ СЕ ВО ФАЗА НА ПОДГОТОВКА
M.В