/ Прочитано:

1.621

Адвокатската комора: Предлогот на Судскиот буџетски совет е едностран и е донесен без никакви претходни консултации

Адвокатската комора реагира на препораката на Судскиот буџетски совет за намалување на цените на адвокатските услуги за бранителите по службена должност, а во врска со извештајот на Судскиот буџетски совет, кој е на разгледување во Собранието (Судскиот буџетски совет предлага намалување на цените на адвокатските услуги за бранителите по службена должност).

„Адвокатската комора на Република Северна Македонија ги известува членовите дека ваквиот предлог од страна на Судскиот буџетски совет е едностран и истиот е донесен без никакви претходни консултации, мислења и согласност од АКРСМ.

Адвокатска комора на РСМ укажува дека согласно Уставот и законите во Република Северна Македонија е единствено надлежна за утврдување на висината на Адвокатската тарифа.“

Судскиот буџетски совет предлага намалување на цените на адвокатските услуги за бранителите по службена должност

АКМИС-системот како софтверско решение е застарено – извештај на Судскиот буџетски совет

М.В