/Прочитано:

882

Прирачник за адвокати, адвокатски приправници и практиканти

Македонското задружение на млади прваници (МЗМП) објави Прирачник за адвокати, адвокатски приправници и практиканти.

„Досега, не е објавена публикација во Република Северна Македонија (РСМ) која на сублимиран и практичен начин ја срочува на едно место правната рамка за адвокатски приправници и практиканти. Исто така, нема текст кој подетално ги обработува стандардите на однесување на оваа група према адвокати, и обратно на адвокати према адвокатски приправници/практиканти. Поради тоа цениме дека се наметна потреба преку ваков прирачник структурирано да се претстави ангажманот на приправниците/практикантите кај адвокати од моментот на објавување на оглас па се до завршеток на нивниот ангажман. Прирачникот го објаснува професионалниот однос на приправниците/практикантите со адвокатот, особено задржувајќи се на стандардите на однесување и етичките принципи од кои ќе се водат сите страни при градење на нивниот однос“, се вели во Прирачникот, кој може да се преземе на следниот линк:

Прирачник за адвокати, адвокатски приправници и практиканти

М.В