/ Прочитано:

1.960

Адвокатската комора се вклучува во меѓународната кампања „Шеснаесет дена активизам против родово насилство“

Со поставување на банер на веб-страницата чија цел е подигнување на јавната свест, како и со низа други активности, Адвокатската комора на РМ се вклучува во глобалната кампања на ОН против насилството врз жените и девојчињата во светот која годинава се одвива под слоганот „Шеснаесет дена активизам против родово насилство“.

Ценејќи ја потребата од посебна заштита на жените од овој вид насилство, Генералното собрание на Обединетите нации со Резолуцијата 54/134 на 17 декември 1999 година, го утврди 25 ноември за Меѓународен ден за борба против насилството врз жените, на што претходеше Декларацијата за борба против насилството врз жените од 20 декември 1993 година.

Кампањата за Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените трае 16 дена во рамки на глобалниот активизам кој и симболично трае до 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права. Портокаловата боја е избрана за ова прашање за да симболизира посветла иднина без насилство врз жените.

М.В