/ Прочитано:

1.703

АКАДЕМИК ОБУКА: Најнови измени и дополнувања на Законот за катастар на недвижности и на подзаконските акти

На 28 ноември 2019 година (четврток) Академик ќе одржи обука на тема „Најнови измени и дополнувања на Законот за катастар на недвижности и на подзаконските акти“. 

Предавачи на обуката ќе бидат Борис Тунџев – директор на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија и државни советници од Агенцијата.

На 26 јуни 2019 година стапи во сила новиот Закон за измени и дополнувања на Законот за катастар на недвижности, а од 4 септември 2019 година стапија во сила и измените на повеќе подзаконски акти од областа на катастарското работење.

Подобрување на квалитетот на податоците запишани во катастарот на недвижности; намалување на процентот на незапишани права во катастарот; уредување на плаќањето надоместок по пријава за иста недвижност којашто повторно се доставува од причини што претходно доставената пријава била одбиена; разграничување на надлежностите помеѓу приватниот геодетски сектор и Агенцијата за катастар на недвижности; воведување на нов Регистар на преземени недвижности наменети за продажба, се само дел од новините што се воведуваат со Законот и со изменетите подзаконски акти.

На ден 28 ноември 2019 година (четврток), Академик организира еднодневна обука, на која учесниците на обуката ќе добијат сеопфатни, прецизни и јасни  податоци за тоа како да се инкорпорираат новините во тековните постапки, како и за тоа кои и какви дејствија треба да бидат преземени од субјектите за понатамошна правилна примена на Законот и на подзаконските акти.

Агенда

Измени и дополнувања на Законот за катастар на недвижности

  • Нови надлежности на Агенцијата за катастар;
  • Воведување на нова функционалност на еКат шалтер – Автоматски калкулатор за користење на тарифникот;
  • Вршење премер;
  • Опфат на геодетските работи за посебни намени;
  • Измени во овластувањата и работите на лицата овластени за вршење геодетски работи;
  • Новини во постапките за предбележување и прибележувањe;
  • Запишување на правата на недвижностите со незапишани права кои се во катастарски општини за кои во сила бил премерен катастар и пописен катастар.

Измени и дополнувања на Законот за катастар на недвижности (втор дел)

  • Отстранување грешки;
  • Ажурирање податоци во катастарот на недвижности;
  • Нов Регистар на преземени недвижности наменети за продажба;
  • Запишување и промена на права во катастарот на инфраструктурни објекти и запишување промени во катастарот.

Измени во подзаконските акти

  • Правилник за измена и дополнување на Правилникот за овластување за овластен геодет и за именик на овластени геодети;
  • Правилник за дополнување на Правилникот за  запишување на инфраструктурните објекти;
  • Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за геодетски работи за посебни  намени;
  • Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на менување на  границите на катастарските општини и за определување на катастарските општини кои се одржуваат во центарот за катастар на недвижности Скопје и секторите за катастар на  недвижности во Република Северна Македонија;
  • Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за премер  на недвижности;
  • Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и начинот на  водење на регистарот за просторни единици;
  • Правилник за начинот на водење, формата и содржината на Регистарот на преземени недвижности наменети за продажба и формата и содржината на податоците за преземените недвижности.

Прашања, одговори и дискусија

Време и место на одржување на обуката: 28.11.2019 година, 10:00 – 15:00 часот, Центар за обуки „Академик“, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

„Академик“ слави јубилејни 10 години постоење и по тој повод во периодот од септември до декември 2019 година сите правни обуки ги добивате со 20% попуст за секој учесник.

Корисниците на „Академика“ добиваат посебна ексклузивна можност – за секој учесник пријавен по редовна цена, учество гратис (колку уплатени котизации, уште толку котизации гратис).

СПЕЦИЈАЛНИ РОДЕНДЕНСКИ ПАКЕТИ ЗА ОБУКИ

– со уплатени 3 котизации по редовна цена, добивате 3 месеци гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик

– со уплатени 5 котизации по редовна цена, добивате 6 месеци гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик

– со уплатени 7 котизации по редовна цена, добивате 1 година гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик.

*Вкупниот број уплатени котизации може да се искористи за повеќе различни обуки.

Редовната цена за учество за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и закуска за време на паузите.

Сите заинтересирани може да се пријават за обуката преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката и за сите други можности и поволности по повод јубилејот може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3122 308.

10 години Академик