/ Прочитано:

1.773

АКАДЕМИК ОНЛАЈН ОБУКА: „Критериуми за избор на економски најповолна понуда, со осврт на елементот квалитет и утврдување на способност на економските оператори“

Академик конципираше обука од областа на јавните набавки, на тема „Критериуми за избор на економски најповолна понуда, со осврт на елементот квалитет и утврдување на способност на економските оператори“, наменета за претставници од сите договорни органи, економски оператори, членови на комисии за јавни набавки, одговорни лица и вработени во организационата единица за јавни набавки. Обуката ќе се одржи на 10 декември 2020 година, од 10:00 до 13:00 часот.

Предавач на обуката ќе биде Габриела Папеш, дипломиран правник, вработена во Бирото за јавни набавки како помошник-раководител на сектор, со долгогодишно искуство во областа на јавните набавки, како и во усогласувањето на националното законодавство со законодавството на ЕУ. Таа е сертифициран обучувач за јавни набавки и коавтор на повеќе прирачници и брошури од областа на јавните набавки.

Целта на оваа обука е да се опфатат делови од новиот Закон за јавните набавки, со акцент на утврдувањето на способноста на економските оператори и критериумите за избор на најповолна понуда при оценување на истите.

Имено, при изготвувањето на тендерските документации, при доставувањето на понудите од економските оператори, па сѐ до практичната оценка на квалификуваните понудувачи, чија способност ја утврдуваат комисиите за јавни набавки, како и при евалуацијата на понудите, во овој дел од практичната примена на законот се отвораат бројни дилеми и прашања. Исто така, за разлика од претходното законско решение, каде што цената беше, речиси без исклучок, единствениот критериум за избор на најповолна понуда, со новиот закон, при оценувањето на понудите, особен акцент се става и на новите критериуми за избор на економски најповолна понуда, кои меѓу останатите аспекти го акцентираат и елементот квалитет, нешто што беше посочувано како најголем проблем при набавките во минатиот период.

Во текот на обуката, врз основа на сеопфатната агенда, која можете да ја погледнете подолу, подетално ќе се обработат сите аспекти при утврдувањето способност на економските оператори во текот на спроведувањето на јавните набавки, како и критериумите за избор на економски најповолна понуда, вклучувајќи го и елементот квалитет.

Агенда

  • Задолжителни основи за исклучување од постапката
  • Незадолжителни основи за исклучување од постапката
  • Способност за вршење професионална дејност
  • Економска и финансиска состојба и техничка и професионална способност
  • Дали се исполнети условите за квалитативен избор на економските оператори
  • Стандарди за системи за квалитет и стандарди за управување со животната средина
  • Докази дека не постојат причини за исклучување од постапката
  • Користење способност на други субјекти (поддршка, подизведувачи)
  • Дали постои можност за дополнување при утврдување на способноста
  • Специфики кај одредени постапки
  • Единствен документ за докажување на способноста
  • Критериуми за избор на најповолна понуда
  • Определба на договорниот орган дали во набавката ќе бара цена или квалитет
  • Цена
  • Трошоци, со користење на пристапот на исплатливост, како што се трошоците во животниот век
  • Најдобар однос помеѓу цената и квалитетот
  • Набавки во кои не може да се користи цената како единствен критериум
  • Вистинска вредност за парите
  • Методологија на бодување
  • Набавки со однапред утврдена цена и
  • Примери

 

Цената за учество за едно лице е 1.800 денари со вклучен ДДВ.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 9.12.2020 година (среда) преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:+389 02 3221 091 и +389 02 3122 308.

Учесниците добиваат електронски материјали од обуката, како и сертификат за учество, којшто ќе ви биде пратен по пошта

Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со: електронски уред (компјутер, таблет итн.), стабилна интернет-врска, микрофон и звучници (или слушалки).

Секој учесник што извршил уплата за присуство на обуката ќе добие е-пошта со линк до обуката на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на обуката. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за обуката.

За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/