/Прочитано:

1.373

Академик студентски онлајн обуки од областа на работните односи

На 14 и 16 декември (понеделник и среда) Академик ќе одржи студентски обуки од областа на работните односи. Обуките ќе се одржуваат онлајн од 16:00 до 19:00 часот.

Агенда:

14 декември – Форма и содржина на договорот за вработување 

  • Поим и карактеристики на работниот однос;
  • Прописи кои се применуваат на работниот однос;
  • Договор за вработување:
  • Форма на договорот за вработување и задолжителни елементи;
  • Последици од непочитување на обврските за формата и содржината на договорот;
  • Факултативни елементи на договорот за вработување;
  • Најчести спорови што произлегуваат од работен однос;
  • Практичен дел за составување  договор за вработување

16 декември – Видови договори за вработување и договор за вработување наспроти други договори за ангажирање лица

  • Договор за вработување на определено и на неопределено време;
  • Договор за вработување со полно и со скратено работно време;
  • Договор за сезонска работа;
  • Договор за волонтерски стаж;
  • Договор за приправнички стаж;
  • Договор за дело;
  • Менаџерски договор;
  • Практичен дел за изработка на соодветен договор според дадени конкретни случаи.

Предавач на обуките ќе биде адвокатот Јане Илијески.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 13.12.2020 година (недела) преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:+389 02 3221 091 и +389 02 3122 308.

Цената за учество на една обука изнесува 500 ден., а за две пакет обуки – 850 ден. 

Учесниците добиваат електронски материјали од обуката, како и сертификат за учество, којшто ќе биде пратен по пошта.

Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со: електронски уред (компјутер, таблет итн.), стабилна интернет-врска, микрофон и звучници (или слушалки).

Секој учесник што извршил уплата за присуство на обуката ќе добие е-пошта со линк до обуката на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на обуката. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за обуката.

За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/