АКАДЕМИК ЗА СТУДЕНТИТЕ: 50% попуст за месечен пристап на „Академика“
За успех во студирањето, заедно со Академик во новата академска година!
Во рамките на десетгодишниот јубилеј, Академик не ги заборава и студентите. По повод новата академска година, супер поволност за студентите од сите универзитети: 50% попуст (899 денари) за месечен пристап до најдобрата електронска збирка на прописи – „Академика“. Попустот може да го искористи секој студент на додипломски и постдипломски студии.
Сите заинтересирани можат да се информираат за попустите по повод јубилејот преку е-пошта на akademik@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465. Деталите за попустите може да се погледнат и на следниот линк: 10 години Академик.
10 години тимот на Академик, воден од страста за правото, секојдневно е посветен на остварување на својата мисија – да им го олесни правното работење на своите корисници и да придонесе за нивниот успех со тоа што ќе им обезбеди најбрз и најлесен пристап до целокупното важечко законодавство на Македонија преку сеопфатната и дневно ажурирана збирка на прописи, akademika.com.mk, пристап до стручна, квалитетна и богата правна литература, како и релевантни и практични обуки на правни теми поврзани со секојдневното работење на корисниците.