АКРМ: Започнува проектот за обука на адвокатите за новиот ЗКП и за Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната
„Бранителите играат клучна улога во воспоставувањето на современ и одговорен систем на кривична правда. Една од најважните реформи на правосудниот систем во Република Македонија беше имплементацијата на адверсијалниот систем, унапредување на владеење на правото и на почитување на човековите права. Токму затоа, целта на проектот е развивање на вештините на адвокатите во однос на клучните карактеристики на Законот за кривичната постапка и на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната. Постигнувањето на оваа цел ќе биде возможно единствено преку континуирана едукација на адвокатите на одбраната и преку лоцирање на областите кои се сметаат за слабост на овие нови закони“, велат од АКРМ.
Од утре, Адвокатската комора на Република Македонија и Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите започнуваат проект за обука на адвокатите за новиот ЗКП и за Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната, кој ќе трае една година.
„Бранителите играат клучна улога во воспоставувањето на современ и одговорен систем на кривична правда. Една од најважните реформи на правосудниот систем во Република Македонија беше имплементацијата на адверсијалниот систем, унапредување на владеење на правото и на почитување на човековите права. Токму затоа, целта на проектот е развивање на вештините на адвокатите во однос на клучните карактеристики на Законот за кривичната постапка и на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната. Постигнувањето на оваа цел ќе биде возможно единствено преку континуирана едукација на адвокатите на одбраната и преку лоцирање на областите кои се сметаат за слабост на овие нови закони“, велат од АКРМ.
Проектот ќе се спроведува преку со финансиска поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје.
Во рамките на проектот ќе бидат реализирани повеќе обуки и тркалезни маси со посебен акцент на учење на практичните вештини кои ќе се спроведуваат од страна на домашни и странски експерти.