/ Прочитано:

867

Антикорупциската комисија донесе одлуки за 53 предмети од областа на корупцијата

„Државната комисија за спречување на корупцијата ја информира јавноста дека на 38-та седница која беше отворена на 04.09.2020 година и во неколку продолженија траеше заклучно со 15.09.2020 година, постапуваше и одлучуваше по конкретни предмети и разгледуваше прашања поврзани со редовното функционирање на институцијата. На седницата беа донесени одлуки за 53 предмети од областа на корупцијата, 17 од судир на интереси и 5 предмети од имотна состојба, кои ќе бидат објавени и достапни на веб страната на комисијата во делот информации за јавноста. Исто така, ДКСК донесе одлуки во кои што го запре своето постапување за предметни барања, односно по преземени процесни дејствија ја утврди фактичката состојба и констатираше дека нема елементи за понатамошно постапување.

Од постапувањето по конкретен предмет – пријава за судир на интереси произлезе покренување на една иницијатива за утврдување на одговорност на службено лице поради постапување спротивно на член 74 став 1 и член 75 став 1  од  Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, а не постапило согласно  член 3 став 1 и 2 и член 4 од истиот закон“, соопштуваат од Комисијата.

М.В