/ Прочитано:

325

Бугарскиот главен јавен обвинител во посета на Јавното обвинителство

Работната посета на бугарскиот главен обвинител во Скопје се остварува на покана на Јовески. Во делегацијата која ја предводи Гешев е и Сијка Милева, јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Бугарија.

Јовески и Гешев на состанокот ги разгледаа можностите и потребите за евентуална измена на Меморандумот за соработката меѓу двете обвинителства склучен во 2015 година, а дискутираа и за правците за натамошна соработка. Притоа, разменија искуства и разговараа за правните норми во двете земји кои се однесуваат на постапувањето во предмети против сериозен и организиран криминал.

Во рамките на дводневната работна посета на земјава, делегацијата на Јавното обвинителство на Република Бугарија се сретнa и со министерот за правда Бојан Маричиќ, како и со Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

М.В