Член 50: Формата на договорот за повлекување ќе зависи од преговорите
За време на двегодишниот период, додека Обединетото Кралство преговара, законите на ЕУ сè уште ќе се применуваат. Обединетото Кралство и понатаму ќе учествува во другите бизниси на ЕУ, но нема да учествува во внатрешни одлуки кои ќе се однесуваат на ЕУ или во одлуката за нејзиното повлекување.
Што ќе се случува откако Британците со речиси 52 % ‘за’ дадоа поддршка за напуштање на Европската Унија? Ова прашање е регулирано во членот 50 од Лисабонскиот договор.
Членот 50 предвидува земјите членки да ја известат ЕУ за нивното повлекување и да ја обврзат Унијата да склучи договор за излегување кој опфаќа пет точки.
- Секоја земја членка може да се одлучи да ја напушти ЕУ во согласност со нејзините уставни одредби.
- Земјата членка која ќе се одлучи да ја напушти Унијата треба да го извести Советот на Европа за нејзините намери. Според насоките од Советот на Европа, Унијата треба да преговара и да склучи договор со земјата која излегува, во кој ќе бидат поставени насоките за нејзиното излегување, имајќи ја предвид и рамката за нејзиниот понатамошен однос со Унијата. Овој договор треба да биде составен во согласност со членот 218 (3) од Договорот за функционирање на Европската Унија. Тој треба да биде подготвен на барање на Унијата од страна на Советот на Европа и да добие поддршка од квалификувано мнозинство во Европскиот парламент.
- Договорите од ЕУ ќе престанат да се применуваат на членка од денот на влегувањето во сила на договорот за повлекување или две години по известувањето од ставот 2, освен ако Советот на Европа во договор со засегнатата земја членка едногласно одлучи да го продолжи овој период.
- За целта на ставовите 2 и 3, членот на Советот на Европа или на Советот кој ја застапува земјата која се повлекува нема да учествува во донесувањето на одлуката во Советот на Европа или Советот или во одлуката која се однесува на неа. Квалификуваното мнозинство треба да биде дефинирано во согласност со членот 238 (3)(б) од Договорот за функционирањето на Европската Унија.
- Доколку земјата која излегла од ЕУ повторно сака да се приклучи на Унијата, своето барање треба да го спроведе во согласност со членот 49.
Формата на договорот за повлекување ќе зависи од преговорите и не постои гаранција дека Обединетото Кралство ќе ги прифати овие услови. Договорите на ЕУ ќе престанат да се применуваат на Велика Британија по влегувањето во сила на договорот за повлекување или ако не е склучен нов договор, по две години, освен ако не постои едногласна согласност за продолжување на рокот за преговарање.
За време на двегодишниот период, додека Обединетото Кралство преговара, законите на ЕУ сè уште ќе се применуваат. Обединетото Кралство и понатаму ќе учествува во другите бизниси на ЕУ, но нема да учествува во внатрешни одлуки кои ќе се однесуваат на ЕУ или во одлуката за нејзиното повлекување.
ЕУ, пак, договорот ќе го донесе по преговори со Европскиот парламент со квалификувано мнозинство што значи дека и ЕП ќе биде уште еден непредвидлив фактор во постигнувањето на конечниот договор.
Кога може да се активира членот 50?
Портпаролот на британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави: „Гласањето за излез е гласање за излез“, и сугерираше дека членот 50 треба веднаш да се активира. Ова беше потврдено и од премиерот во Долниот дом, кој додаде дека членот 50 е единствениот начин за излез. Сепак, поради неговата оставка, идниот премиер ќе треба да го активира членот 50, пишуваат британските медиуми.
Кога ќе биде активиран членот 50 е одлука исклучиво на Владата на Обединетото Кралство, но е тешко да се претпостави дали ќе има одложување на примената откако одлуката беше дека тие сакаат надвор од Унијата.