Дебата за судската реформа за подобрување на капацитетите на судството и казнената политика на судовите во Република Македонија
Здружението на судиите на Република Македонија и Амбасадата на Соединетите Американски Држави во РМ во Битола организираа научна и стручна расправа на тема „Судска реформа за подобрување на капацитетите на судството и казнена политика на судовите во Република Македонија“ како активност во рамки на проектот „Зајакнување на улогата и независноста на судиите во РМ“.
Дебатата беше насочена кон две примарни точки од судската реформа кои се издвојуваат според сериозноста и комплексноста. Тоа се: реформа за подобрување на капацитетите на правосудството во согласност со „План 3-6-9“ на Владата на Република Македонија и влијанието на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната врз казнената политика на судовите во РМ: конкретни предизвици и решенија.
На дебатата свое учество земаa американски и македонски практичари и експерти, кои имаат за цел да идентификуваат примери на добри практики, како и да ги дискутираат другите судски примери. Активното учество и предавање на судијата Пол Г. Бајрон, oкружен судија од Флорида, дадоа дополнителен придонес во заемната комуникација и размена на добри практики помеѓу македонски и американски судии, а во контекст на зајакнување на судската независност.
Финалните препораки од расправата во вид на заклучоци ќе бидат земени предвид за натамошни измени и дополнувања на законските решенија, кои се предмет на оваа расправа и кои преку судијата Џемали Саити, претседател на Здружението на судиите на Република Македонија, ќе бидат претставени пред Советот за реформи во правосудството.
M.В