/ Прочитано:

604

Улогата на Уставниот суд во заштита на правото на здрава животна средина

Центарот за правни истражувања и анализи одржа дискусија на тема ,,Улогата на Уставниот суд во заштита на правото на здрава животна средина’’, на која присуствуваа претставници од платформата за еколошка правда и групата Блупринт – за реформи во правосудството. Главни говорници на настанот беа академикот,  Владо Камбовски и Елена Мујоска Трпевска, научен соработник од МАНУ. Претсавници од ЦПИА беа Никола Јовановски – програмски менаџер и Ана Василева – проектен асистент.

Дискусијата започна со излагање на проектниот менаџер на ЦПИА, Јовановски, кој накратко истакна дека правото на здрава животна средина е загарантирано уставно право согласно највисокиот правен акт во државата и истото треба доследно да биде остварено. Во таа насока тој наведе дека преку организирање на дебати и проширување на јавниот дискурс, со учество на сите релевантни чинители во делот на заштитата на животна средина, ќе може да се унапреди правото на здрава животна средина преку имплементација и почитување на уставно-правните интрументи за заштита на животната средина.

Првиот говорник на настанот, академик Владо Камбовски наведе дека иако правото на здрава животна средина е релативно доцна инкорпорано во  Уставот на државата, постепено истото е интензивирано како граѓанско право, следејќи ги европските документи и меѓународните стандарди за почитување на правата на човекот. Според акад. Камбовски, гарантирањето на ова право ќе има импликации врз целокупниот систем на државата од аспект на гаранција на формално – правни документи и прописи за унапредување и заштита на правото на здрава животна средина. Гаранцијата на ова право изразена не само преку донесување на нови прописи и почитување на постојните, туку наложува и активно вклучување на државните органи во процесот на одлучување за повредено или загрозено право на здрава животна средина. Тој накратко даде и компаративен осврт на правото на здрава животна средина, напоменувајќи дека државите различно приоѓаат и го третираат формално правниот и материјалниот аспект на ова право. Одредени држави го предвидуваат правото не како субјективно, туку како општо право, без да дадат поконкретен правец за негова заштита, додека други држави го предвидуваат и процедураниот аспект на тоа право, односно судските постапки како процесна гаранција за заштита на истото. Тој исто така наведе дека правото на здрава животна средина треба да кореспондира со европскиот принципот за одржлив развој, односно преземање на активности кои треба да ги задоволат потртебите на сегашните генерации, алуидирајќи во прв план на правото на здрава животна средина без притоа да ги загрози правата и потребите на идните генерации, иако во нашиот Устав наведениот принцип се уште не е инкорпиран. Акад. Камбовски наведе дека треба да се објасни во домашните прописи што се подразбира под правото на здрава животна средина, дали истото го опфаќа само човекот туку и целокупниот жив свет во пошорока смисла на зборот, под хипотеза дека истиот може хипотетички да биде загрозен од страна на човекот?  Во одредени држави поимот на здрава животна средина го опфаќа целокупниот жиов свет не само човекот, тежнеејќи кон целосна заштита на животната средина. Според него нашиот Устав се уште нема јасна концепција за тоа што сака да прогласи како вредност на заштита иако правото на здрава животна средина е декларирано во истиот.

Следно свое излагање имаше Проф. Др. Елена Мујоска Трпеска, која даде преглед на поднесените иницијативи пред Уставниот суд за оценка на уставноста и законитоста во периодот од 2005 година до 2021 година. На почетокот г-ѓа Мујоска Трпеска начна едно многу важно прашање, односно постоењето на уставна жалба/тужба што преставува правно средство за заштита на слободите и правата на граѓаните пред Уставниот суд.

Во голем број држави оваа уставна тужба односно жалба е прифатена, но тоа не е случај кај нас. Експертската јавност кај нас како по многу прашања е поделена по ова прашање, според едни во нашиот систем за заштита на човековите права и слободи постои барањето за заштита на човекот и граѓаните пропишано во Деловникот на Уставниот суд кое е  базирано на член 110 алинеја 3 од Уставот, што би го покривала институтот уставна жалба/тужба. Втората категорија на експерти сметаат дека е неопходно да се воведе ваков механизам во системот за заштита, кој веќе сите држави од регионот го имаат прифатено.

Во вториот сегмент на своето излагање проф. Др. Мујоска Трпеска се задража на елаборација на поднесените иницијативи пред Уставниот суд. Индикативен е малиот број на поднесоци во периодот од 2006 до 2009 година, кој потоа во следните години се зголемува. Исто така интересно е што во првите години само едно лице се појавува како поднесител на овие иницијативи, притоа најголем број иницијатори се од Скопје.

На крајот на дискусијата сите присутни изразија задоволство за присуството и стремеж за понатамошно учество во процесот на доследна примена и заштита на уставно правните гаранции на правото на здрава животна средина.

Инфографик – Еко криминал

Компаративна анализа на стратегии за справување со еколошки криминал

Дискусија за измени на Кривичниот законик во областа на заштитата на животната средина

Дискусија на тема: „Нови и изменети кривични одредби во областа на заштитата на животната средина”

Презентација на документот за јавни политики „Како до ефикасна и ефективна еколошка правда?“

Презентирана Анализата на празнини и недостатоци – предизвици и можности за институционалната и правната рамка на животната средина

Основање на Платформата за еколошка правда

Ќе се основа платформа за еколошка правда

Воспоставување ефикасна и ефективна еколошка правда

М.В

М.В