/ Прочитано:

1.060

Денеска во Министерството за правда се изврши примопредавање на функцијата министер за правда помеѓу досегашниот и новоименуваниот министер, Никола Тупанчески и Кренар Лога

Соопштение од Министерството за правда

Денеска во Министерството за правда се изврши примопредавање на функцијата министер за правда помеѓу досегашниот и новоименуваниот министер, Никола Тупанчески и Кренар Лога. Тупанчески му посака на Лога успешна работа, реализација на голем број проекти и успех во функционирањето на Министерството за правда. Министерот за правда, Кренар Лога, му се заблагодари на Тупанчески за неговиот досегашен придонес и најави реформи во сферата на правосудството и засилување на борбата против криминалот и корупцијата.