Маричиќ му ја предаде функцијата на проф. д-р Никола Тупанчески
Бојан Мариќиќ му ја предаде функцијата министер за правда на проф. д-р Никола Тупанчески. Маричиќ на новиот министер му посака успешно извршување на работните задачи во периодот што претстои.
„Во изминатиот период со Стратегијата за реформа во правосудниот систем 2017-2022 и реализирањето на законодавната агенда направивме чекор напред во функционирањето на правосудството. Верувам дека ќе продолжи темпото на спроведување на реформите, бидејќи од суштинско значење за напредокот на државата и за евроинтеграцискиот процес се оценките кои доаѓаат токму од правосудството“, посочи Маричиќ.
М.В