/ Прочитано:

1.483

ДИК: До денес пријавени се 5 022 лица кои се водат како спорни записи во Избирачкиот список

По истекот на периодот за пријавување преку подрачните канцеларии на ДИК и преку интернет, граѓаните ќе имаат уште една можност за пријавување за време на јавниот увид пред предвремените парламентарни избори, кои се очекува да се одржат до крајот на 2016 година.

Пријава во ДИК на спорни записи во Избирачкиот список

На пет дена пред истекот на рокот за пријавување на спорни гласачи во Државната изборна Комисија, заклучно со денес, 15.8.2016 година, до 12:00 часот се пријавиле вкупно 5 022 граѓани. Пријавите се однесуваат на спорните записи во Избирачкиот список за кои по извршените вкрстени и теренски проверки постоеше несовпаѓање на податоците.

На следниот линк можете да го следите бројот на пријави поднесени во реално време.

Од нив, 2 236 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 2 786 за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на ДИК.

Вкупно 39 502 лица се водат како спорни записи во Избирачкиот список. Можноста за пријавување истекува за пет дена, т.е. на 19 август.