/ Прочитано:

1.357

Дневен билтен на МВР

На 19.08.2018 година во 20,30 часот во Кичево на улица .„Амит Челопечанец“, А.Љ.(75) од Кичево, управувајќи работна машина „БОБ кет“, која влечела приколка со кичевски регистарски ознаки натоварена со дрва, во еден момент од приколката на коловозот паднал М.Р.(52) од Кичево. По незгодата, М.Р. е префрлен во Медицински центар Кичево, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и истиот е испратен во Болница„Свети Еразмо Охрид“.

На 19.08.2018 година во 20,10 часот, на регионален пат Куманово – Скопје кај село Никуштак се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Венто“ управувано од А.А.(30) од село Никуштак и патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Б.(21 ) од село Орланце, скопско. По незгодата А.А и М.Б. со возило на брза помош се пренесени во Медицински центар Куманово, каде им се  констатирани тешки телесни повреди, по што А.А.  е задржан додека М.Б. е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

На 19.08.2018 година во 20,50 часот во Струмица на улица „Цветан Димов“, 13 годишно лице од село Сарај, струмичко , управувајќи мопед „ВОГ“ без регистарски ознаки изгубил контрола и удрил во бетонски ѕид од куќа. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

На 19.08.2018 година околу 21,50 часот во Скопје на булевар „Крсте Мисирков“ од страна на две непознати лица со употреба на физичка сила извршено е разбојништво над С.С.(49) од Скопе, при што му е одземена чанта во која имал мобилен телефон, паричник и документи. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

На 19.08.2018 година во 17,10 часот од страна на вработена во Ургентен центар, пријавено е дека кај нив е донесен повреден И.З.(41) од село Црн Врв. Истиот во село Црн Врв бил физички нападнат од неколку непознати машки лица, при што се здобил со тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.08.2018 година во 10,00 часот во Полициска станица Прилеп, С.Л.(59) од Прилеп пријавила дека на 18 август околу 10,00 часот од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот сопруг Т.Л.(64) од Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во текот на изминатите денови (17, 18 и 19.08.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 31 сообраќајни незгоди од кои 18 со телесни повреди и 13 со материјална штета. При сообраќајните незгоди 26 лица се здобиле со лесни телесни повреди. 202 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 103 возачи бидејќи 45 го управувале возилото под дејство на алкохол, 47 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 11 биле возачи почетници. 40 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 39 биле нерегистрирани и едно технички неисправно. Исто така санкционирани се и 16 возачи кои поминале на црвено светло, седум не дале првенство на минување на пешаци, двајца неправилно се престориле и пет неправилно престигнувале. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 120 мандатни платни налози, додека исто така 97 возила се подигнати со “Пајак”.