/ Прочитано:

1.844

Дваесет и прва емисија на обврзници за денационализација

Одлуката на Владата на Република Северна Македонија со која се врши Дваесет и прва емисија на обврзници за денационализација објавена е во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/2022 од 19.04.2022 година.

Емисијата на обврзниците се врши во износ од 6.000.000 ЕВРА и со неа се опфатени сите правосилни решенија за денационализација од 1.1.2021 година до 31.12.2021 година со кои како надомест се дадени обврзници.