Измените на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација во редовна собраниска процедура

Владата донесе одлука да го испрати во редовна собраниска процедура Предлог-законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација. Во Законот се предвидени 15 емисии на обврзници за денационализација, а Владата на Република Македонија со одлука годишно го утврдува износот на обврзниците што ќе се издаваат. Годишниот износ се утврдува врз основа на надоместокот даден во обврзници со решенијата кои станале правосилни во тековната година. Со Предлог-законот се предлага дополнително издавање на уште три емисии на обврзници за денационализација, со цел исплата на обврзниците кои ќе бидат утврдени со решенијата што ќе станат конечни во претстојниот период.

Се подготвуваат законски измени за зголемување на бројот на емисии на обврзници за денационализација

М.В