/ Прочитано:

783

Законски измени за зголемување на бројот на емисии на обврзници за денационализација

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација.

Донесувањето на Законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација, велат од Министерството за финансии, е со цел зголемување на бројот на емисии на обврзници за денационализација, од осумнаесет на дваесет, за да се опфатат барањата за денационализација по кои се одлучува во повторна постапка, а за кои е потребно дополнително издавање на обврзници.

„Со Законот за издавање на обврзници на Република Македонија се предвидени 18 емисии на обврзници за денационализација, а Владата на Република Северна Македонија со одлука годишно го утврдува износот на обврзниците што ќе се издаваат. Процесот на денационализација заврши во првостепена постапка, но дел од решенијата не се конечни, односно по истите сè уште се водат управни спорови или се вратени од судовите на повторно постапување. За да се овозможи исплата по овие предмети по нивната правосилност, има потреба од зголемување на бројот на емисиите на обврзници за денационализација“, образложуваат од Министерството.

М.В