(ФОТО) Свечено доделување лиценци за адвокати во септемвриската сесија 2018 година
Четириесет и пет адвокати се здобија со лиценци за вршење на адвокатската дејност во септемвриската сесија 2018 година.
Адвокатите дадоа свечена заклетва дека должноста ќе ја вршат совесно и дека ќе се придржуваат на Уставот, законодавството, меѓународните договори и актите на Адвокатската комора.
„Се колнам дека должноста адвокат ќе ја вршам совесно, ќе се придржувам на Уставот, законите, меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, Статутот на Комората, Кодексот на адвокатската етика и дека со сите свои постапки ќе внимавам на угледот на адвокатурата како јавна служба”, гласи свечената адвокатска заклетва.
Претседателот на Адвокатската комора на РМ, Љубомир Михајловски, на новите адвокати им посака успех од свое име, од името на стручната служба, како и од името на сите адвокати во Македонија. Тој изрази надеж дека новите генерации адвокати ќе внесат нови погледи и напредок на адвокатурата и со тоа ќе бидат гордост на македонската адвокатура.
М.В