/ Прочитано:

1.218

Гласните адвокати и нивните соработници

За изразување на гласноста треба добро искуство, долг период на вежбање на ораторските способности, вежбање на настапите пред судот, сѐ со цел ефикасно презентирање на предметот кој го работи еден адвокат.

Firmi-trgovski-drustva-advokati

Еден од најинтересните и највозбудливите аспекти на адвокатурата е гласноста. Кога еден адвокат зборува цврсто, самоуверено и гласно, тој остава впечаток дека навистина е внесен и посветен на работата, особено во судот.

За изразување на гласноста треба добро искуство, долг период на вежбање на ораторските способности, вежбање на настапите пред судот, сѐ со цел ефикасно презентирање на предметот кој го работи еден адвокат. Таа самоувереност и цврстина во говорењето, од психолошки аспект, му дава на адвокатот поголеми изгледи за добивање на предметот во своја полза.

Овој дел на правно говорење во адвокатурата е поврзан со културата на зборувањето и однесувањето, со етиката во правото и со бонтонот кој треба да го практикува секој што учествува во правосудството.

Во САД постојат и обуки за усовршување на техниката на говорење, кои ги спроведуваат фирми и организации. Голем број адвокати преку ваквите обуки ја користат можноста да го надградат начинот на кој се изразуваат, што им помага во понатамошната работа.

Студијата на двајца професори од Правиот факултет „Вилијам и Мери“, основан од Томас Џеферсон во 1779 година, покажала дека практичарите во Врховниот суд, знаејќи дека адвокатите сакаат да бидат претставителни во судот преку својата гласност и елоквентност, дозволиле присуство на amicus curiae, личност позната во англосаксонското право, која не е дел од случајот што се води пред судот, но им овозможува на адвокатите снабдување со информации кои ќе им бидат од корист во конкретниот случај и ќе се обидат со малку драматичност да влијаат на случајот со своето мислење. За тоа колку се важни овие личности за постапката, за судот и за адвокатите покажува статистиката, која вели дека во 2014 година 12.25 % од предметите пред судот биле со учество на овие лица.

Тие учесници во процесот, кои не мора да бидат адвокати од некоја голема адвокатска канцеларија, практичарите ги оправдуваат како добредојдена помош за адвокатите пред судот, особено за оние што сакаат да се претстават добро во јавноста.