/ Прочитано:

801

Годишен извештај на Комисијата за заштита на конкуренцијата

Во Годишниот извештај на Комисијата за заштита на конкуренцијата се содржани детални информации за извршување на надлежностите од Законот за заштита на конкуренцијата и од Законот за контрола на државната помош, како и детални информации за материјално-финансиското работење на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Во извештајот, меѓу другото, се дадени информации за поведувањето на прекршочни постапки.

„Согласно ЗЗК забранета е секоја злоупотреба на доминантна позиција од едно или повеќе претпријатија на релевантниот пазар или негов суштински дел. Во ЗЗК се дадени 6 особени случаи кои претставуваат злоупотреба на доминантната позиција:

  • директно или индиректно наметнување на нефер куповни или продажни цени или други нефер услови на тргување;
  • ограничување на производството, пазарите или техничкиот развој на штета на потрошувачите;
  • примена на различни услови за исти или слични правни работи со други трговски партнери, со што се ставаат во понеповолна конкурентска позиција;
  • условување на склучување договори со прифаќање од другите договорни страни дополнителни обврски, што по својата природа или согласно со трговските обичаи не се во врска со предметот на договорот;
  • одбивање да се тргува или поттикнување и барање од други претпријатија или здруженија на претпријатија да не купуваат или продаваат производи или услуги на некое определено претпријатие, со намера на нечесен начин да му нанесат штета на тоа претпријатие и
  • одбивање да му се овозможи пристап во сопствената мрежа или други инфраструктурни објекти на друго претпријатие за соодветен надомест, под услов без ваквото истовремено користење, другото претпријатие, заради правни или фактички причини да биде оневозможено да дејствува како конкурент на доминантното претпријатие.

 Во 2019 година КЗК не донесе решенија во прекршочна постапка за постоење на злоупотреба на доминантна позиција.

Во 2019 година, КОП донесе 1 заклучок за отфрлање на барање за поведување на прекршочна постапка и тоа:

Заклучок ПП бр. 09-7/15 од 16.07.2019 година, со кој барањето за поведување на прекршочна постапка поднесено од страна на Асоцијацијата на кабелски оператори АКО – стопанска интересна заедница Скопје против ОНЕ.ВИП ДООЕЛ Скопје заради утврдување на евентуален прекршок од член 59 став (1) точка 1) и/или 2), а во врска со член 7 и/или член 11 од ЗЗК,  по сите основи СЕ ОТФРЛА бидејќи не постојат законски услови за поведување на прекршочна постапка, дејствието опишано во барањето не е прекршок, однесувањето кое е предмет на барањето не довело до значително нарушување на конкуренцијата и барањето за поведување на прекршочна постапка не е поткрепено со докази“, се вели во извештајот на Комисијата.

М.В