/ Прочитано:

1.273

Градење на капацитетите на АКРМ и на адвокатите за ефективна комуникација со јавноста и медиумите

Хелсиншкиот комитет во рамките на проектот: „Унапредување на известувањето за стандардите на владеење на правото во Србија, Македонија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина“, поддржан од Комитетот на правници за човекови права (YUCOM) и од Иницијативата за владеење на правото на Американската адвокатска асоцијација (ABA Rule of Law Initiative), ќе спроведе еднодневна обука на тема: „Градење на капацитетите на АКРМ и адвокатите за ефективна комуникација со јавноста и медиумите“.

Оваа обука е наменета за лица кои работат во делот на односи со јавноста и медиумите во рамките на Адвокатската комора на Република Македонија (АКРМ) и за адвокати со цел стекнување на вештини и зајакнување на капацитетите за поефективна комуникација со медиуми, составување на соопштенија за јавност и медиуми, одржување на поефективни прес-конференции, давање на квалитетни интервјуа за пишани, електронски и ТВ-медиуми.

„Обуката ќе се одржи на 3.10.2018 година (среда), во хотелот„Сити парк“ во Скопје. Ги повикуваме сите заинтересирани лица да се пријават на следните е-адреси: helkom@mhc.org.mk или Hajdi.Sterjova@mhc.org.mk “, информираат од Комитетот.