/Прочитано:

184

Граѓаните немаат ефективен пристап до правдата кога здравјето им е загрозено од загадувањето

Центарот за еколошка демократија „Флорозон“, во соработка со Асоцијацијата за еколошко право и менаџмент „ЕМЛА“ од Унгарија, почна со имплементација на проектот „Еднаков пристап за ефективна правда“.

Во рамките на проектот се одржа прва средба на Националното координативно тело за пристап до правда од областа на животна средина, составено од членови претставници од Министерството за правда, од Адвокатската комора, од Академијата за студии и јавни обвинители, од Канцеларијата на Народниот правобранител, од граѓанските организации и од универзитетите од државата.

„Ниска е свеста кај граѓаните за искористување на правните механизми при повреда на правото на здрава животна средина. Според Извештајот на Народниот правобранител за 2017 година биле поднесени само 22 претставки, што е поразителна бројка, сметајќи го, за жал, нивото на загадување, особено на аерозагадувањето во нашата држава“, истакна проектниот асистент од Центарот за еколошка демократија „Флорозон“, Ангела Димеска.

„Граѓаните не се доволно информирани за можностите што ги имаат и механизмите не дејствуваат онака како што треба да дејствуваат. Самите општини или пак инспекторатите понекогаш во одредени случаи си префрлаат дел од надлежностите еден на друг“, додаде претседателката на Здружението за социјални иновации и одржлив развој „РАДАР“, Гордана Несторовска.

Таа нагласи дека граѓаните немаат ефективен пристап до правдата кога се работи за загрозување на нивното здравје и животот, што е загарантирано и со Уставот. За да се подготви тужба за загадување како што е аерозагадувањето, Законот предвидува дека треба да се поднесе вештачење, коешто чини. Националното координативно тело ќе се обиде да ја подобри и соработката меѓу граѓанските организации и државните институции.

На средбата беше заклучено дека е потребно подобрување на капацитетите на граѓанските организации за подигнување на свеста кај јавноста и потребна е дебата за тоа како можат граѓаните поефективно да го остварат своето право на здрава и чиста животна средина во сите области.

Загадувањето на животната средина и природата како кривично дело

Заклучоци и предложени решенија за загадувањето на воздухот од научното истражување и експертскиот форум

Нарушено здравје предизвикано од загадена животна средина може да се докаже во судска постапка

„Стружани може да тужат за труењето предизвикано од дивата струшка депонија“ – Глигорие Ќатоски, адвокат и граѓански активист

Правото на чиста и здрава животна средина е фундаментално граѓанско право

По одлуката на Врховниот суд, велешани ќе бараат еколошка правда во Стразбур

Животна средина заштитена во Уставот – бели дробови незаштитени во реалноста: Зaгадениот воздух ги убива македонските граѓани!

М.В