/ Прочитано:

1.961

Група пратеници предлагаат Закон за докторска дејност

Група пратеници во Собранието на Република Македонија поднесоа Предлог-закон за докторска дејност.

Основна цел за донесување на Законот е да се спречи заминувањето на стручен медицински персонал од Македонија, особено на најдобрите студенти од државните факултети и законска регулација, со цел задржување на нашите доктори во Република Македонија и спречување на нивниот одлив во земјите низ светот.

Со Предлог-законот, се вели во законското образложение, се уредуваат условите, организацијата и начинот на вршење на докторската дејност, правата и должностите на докторите на медицина, контрола на докторската дејност, вреднување на докторскиот труд, лиценца за работа на докторот на медицина, издавање, продолжување, престанок или за одземање на лиценца за вршење на докторска дејност од соодветната област на медицината, основањето, надлежноста, организацијата и работењето на Докторската комора на Македонија, како и други прашања кои се однесуваат на вршењето на докторската дејност.

„Миграцијата на здравствениот кадар, конкретно на лекарите од земјите од Западен Балкан во развиените западноевропски држави, е во подем. Најпосакувани дестинации за лекарите се Австрија, Германија, Швајцарија, Франција  и скандинавските земји. Поради овој тренд, Македонија се соочува со загуба на докторски кадар кој ќе се одрази негативно врз самиот здравствен систем, како што ќе се пензионираат возрасните лекари, а младите лекари се отселуваат, така што особено помалите градови ќе останат без лекари, со што настанува дефицит од медицински кадар, по што и здравствениот систем на целата држава сериозно ќе  се наруши“, се вели во законското образложение.

Со ставање во законска рамка на прашањата за регулирање на докторската дејност, посочуваат пратениците, настанатата ситуација на одлив на медицински кадар ќе се намали и проблемот на иселување на квалитетен кадар од Македонија ќе се реши преку подобрување и обезбедување поволни можности за професионален развој и подобар живот за докторскиот кадар.

Основна цел за донесување на Законот е да се спречи заминувањето на стручен медицински персонал од Македонија, особено на најдобрите студенти од државните факултети и законска регулација, со цел задржување на нашите доктори во Република Македонија и спречување на нивниот одлив во земјите низ светот.

Teкстот на Предлог -законот

Побрзо донесување на Законот за докторска дејност и измени на Законот за здравствена заштита бараат лекарите

МЛАДИТЕ ЛЕКАРИ БАРААТ ЗАКОН ЗА ДОКТОРСКА ДЕЈНОСТ: „Се соочуваме со егзистенцијални проблеми и приморани сме да си одиме од земјава“

ЛЕКАРИТЕ БАРААТ НОВИ ЗАКОНИ ЗА ДОКТОРСКАТА ДЕЈНОСТ: „Подобри закони за поголема заштита“

ЈАВНА РАСПРАВА ВО КОМИСИЈАТА ЗА ЗДРАВСТВО: Стручната јавност бара нови и посебни законски решенија за лекарите, медицинските сестри, техничарите и акушерките

М.В